Деми Мур му посака среќен роденден на Брус Вилис

пред 3 години

Деми Мур сподели симпатична објава на Твитер за да го одбележи роденденот на поранешниот сопруг Брус Вилис, кој во саботата наполни 67 години.

Истиот ден, 59-годишната актерка сподели фотографија на која таа и Брус се смеат во кујна додека Деми во раката држи печурки на даска за сецкање.

„Среќен роденден, Брус! Благодарна за нашето мешано семејство“, напиша ѕвездата на „Непристоен предлог“.

Деми и Брус беа во брак од 1987 до 2000 година и имаат три ќерки Румер (33), Скаут (30) и Талула (28).

Share
Scroll to Top