Десетгодишно девојче во Русија преживеа снежна бура гушкајќи куче цела ноќ

пред 2 години

Десетгодишно девојче преживеа ноќ во силна снежна бура во Русија гушкајќи куче, јави CNN, повикувајќи се на руската државна телевизија и локалните медиуми.

Девојчето, чие име не се соопштува, минатата недела излегло од училиштето во градот Углегорск, но не се вратило дома.

Градот се наоѓа на западниот руски остров Сахалин, кој беше покриен со силен снег и ветрови кои достигнуваа брзина и до 80 километри на час.

Властите и локалното население  ja бараа во текот на ноќта откако беше утврдено дека е исчезна.

Тие се фокусирале на куќите со домашни миленици бидејќи мештаните пријавиле дека го виделе девојчето како си игра со куче ноќта пред да исчезне.

Доброволец го нашол девојчето следното утро, како седи со куче во неговата куќичка на отворено и го гушка за да се стопли, јави руската државна телевизија.

Девојчето било пренесено во болница и било констатирано дека е здраво, се вели во извештајот.

Share
Scroll to Top