Доделена Нобеловата награда за мир

пред 4 години

Агенцијата на Обединетите нации за храна, светската програма за храна (WFP) е добитник на годинешната Нобелова награда за мир. Наградата им беше врачена поради допринесот и борбата која ја водат против гладдта, соопштија денес од Нобеловиот комитет.

Наградата вредна 1,1 милион доалари, добитникот ќе ја прими на 10 декември во Осло. Оваа година во трка за престижната награда биле 318 кандидати, од кои 211 биле поединци, а 107 организации.

Листата на номинирани како и секоја година е тајна, а познато е единствено бројот на номинирани. Доделувањето на престижното признание, привлече голем број шпекулации ширум светот, откако се појавија информации за номинацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

На крај се испостави дека тој не е на листата. Фаворитите за годинашната Нобелова награда за мир, ја обликуваа настани кои ги следеа конфликти, пандемијата со коронавирусот, економската неизвесност и протестите ширум светот.

Share
Scroll to Top