Со настап на домашни музички изведувачи, скопјани на плоштадот Македонија ќе може да ја дочекаат новата 2022 година, информираат од Град Скопје.
„Три општествено одговорни компании, се одважија во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата година“, се наведува во соопштението на градските власти, кои денеска ја објавија новогодишната програма за 31 декември:
21:00-22:00 – Пука Козметика
22:10-23:10 – ДНК
23:20-00:20 – Нокаут
00:30-01:00 – Наум Петрески и Зуица Лазова
01:00-01:30 – ДЈ Славе