Загина Жан Кофол, еден од најмладите пожарникари кои доброволно гаснеа пожари во Македонија

пред 4 години

Вчера во сообраќајна несреќа во близина загина пожарникарот Жан Кофол од Словенија. Несреќата се случила во близина на Нова Горица.

Кофол беше еден од најмладите доброволци кои учевствуваа во гаснењето пожари во околината на Берово и Пехчево, источна Македонија.

Веста за трагичната смрт на доброволниот пожарникар ја соопшти Дојче веле на социјалните мрежи.

Како што се наведува во нивната објава, Кофол загинал еден ден пред неговиот 20-ти роденден.

Кофол е роден на 30 септември 2001 година во Нова Горица. Се занимавал со скуба дајвинг, свирел на гитара и возел мотокрос. А своите доживувања често ги споделувал на социјалните мрежи.

 

 

 

Share
Scroll to Top