Златен глобус годинава без црвен килим, публика и ѕвезди на доделувањето на наградите

пред 2 години

На 9 јануари ќе се одржи 79. издание на Златен глобус, но овој пат поради пандемијата, нема да има публика и црвен килим. На доделувањето на наградите нема да бидат ни номинираните, туку само победниците во секоја категорија, пишува магазинот „Пипл“.

Во моментот на прогласување на победникот во секоја категорија во посебно соба ќе биде само тој што ја добил наградата. Сите тие треба да бидат вакцинирани со трета доза, но и да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа пред настанот. Ќе треба да носат и заштитни маски.

Номинациите за годинашните Златен глобус ги соопшти Снуп Дог пред еден месец. Најмногу од нив добија филмовите „Моќта на кучето“ и „Белфаст“, со по седум номинации.

Share
Scroll to Top