Илон Маск го сака „Твитер“

пред 3 години

Илон Маск се обидува целосно да го преземе „Твитер“. Тој во моментов е најголем акционер во компанијата, со блок акции од речиси 10 проценти, но сега го сака и остатокот.

Контроверзниот милијардер, инвеститор и претприемач дал понуда да ја купи целата група социјални медиуми „Твитер“ за 43 милијарди долари, се наведува во поднесокот објавен денес наутро.

„Твитер“ одби веднаш да ја коментира понудата надвор од неговата куса изјава, откако се појави веста дека Маск нуди договор во готово, кој чини 54.20 долари по акција.

Акциите на „Твитер“ се затворија на 45,85 долари во средата. Вредноста порасна за 5% годинава до денес, но осцилираше во последниве денови поради активноста на Маск околу акциите.

Компанијата потврди дека добила „непосакуван, необврзувачки предлог“ од Маск.

„Управниот одбор на ‘Твитер’ внимателно ќе го разгледа предлогот за да го одреди курсот на дејствување за кој верува дека е во најдобар интерес на компанијата и на сите акционери на ‘Твитер’“, велат од компанијата.

Светските медиуми потесетуваат дека непријателскиот пристап за преземање доаѓа само неколку дена откако основачот на „Тесла“откри дека купил над 9% од акциите во компанијата и дека ќе се приклучи на управниот одбор. Но, веднаш потоа се премисли и реши да остане надвор од бордот.

Не е изненадување што Маск ја искористи социјалната платформа за да го соопшти обидот за преземање. „Направив понуда“, твитна тој, заедно со линк до поднесокот до Комисијата за хартии од вредност.

Share
Scroll to Top