Интернетот преплавен со мемиња за Маск откако стана најголем акционер во„Твитер инк.“

пред 3 години

По веста дека Илон Маск купил 9,2% отсто од акциите на „Твитер инк.“, со што стана најголем акционер во компанијата вредна речиси 3 милијарди долари, социјалните мрежи беа преплавени со бројни мемиња на сметка на милијардерот.

„Хаха, можеби сега повторно ќе отворам Твитер-профил. Баш ме интересира како ќе изгледа ова“, „Очигледно големи промени доаѓаат на Твитер“, „Ова ќе биде пресмешно, Твитер најверојатно ќе се угаси“, „Можеби требаше да купи 50% за да има повеќе моќ“, „Хаха, се надевам дека ќе го купи и Дизни“, „Запрете го пред да биде предоцна“… се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

На интернет се појавија смешни мемиња и гифови.

 

Имајќи предвид дека тој поседува над 73 милиони акции и дека нивната цена на берзата во петокот беше 39,31 долари, вредноста на акциите на Маск изнесува 2,9 милијарди долари.

Акциите на „Твитер инк.“ пораснаа за 25,77% во предпродажба по соопштението на компанијата.

Share
Scroll to Top