Исчезна руската новинарка која ја прекина програмата со антивоен протест

пред 3 години

Руската новинарка која упадна во програмата на државната телвизија „Канал еден“ со антиовен транспарент и која ја осуди руската медиумска пропаганда исчезна. Нејзините адвокати велат дека ја бараат, но не знаат каде е. Од Марина Овсјанокова нема ни трага ни глас.

„Цела ноќ ја барав, на телефон не се јавуваше. Тоа значи дека ја кријат од нејзините адвокати и се обидуваат да ја лишат од правна помош. Очигледно се спремаат да ја гонат на најстрог начин“, изјави адвокатката Анастасија Костанова.

Овсјанокова беше уречника и продудентка во телевизијата. Откако излезе со антивоениот транспарент, таа веднаш била приведена.

Таа сакаше да даде јасна порака до светот дека тоа што се случува во телевизијата е пропаганда и дека руската инвазија врз Украина треба да биде подложен на најжестока осуда.

„Не на војната, запрете ја војната, не верувајте на пропагандата, ве лажат тука“, пишуваше на транспарентот со кој таа излезе пред камерите, зад водителката на вечерните вест. Таа успеа да ја испрати пораката иако по само неколку секунди истата беше прекината.

Овсјаникова исто така може да се чуе како извикува „Запрете ја војната“. Кремљ го опиша протестот како хулиганизам, додека Обединетите нации повикаа да не биде казнета.

Нејзините адвокати веруваат дека на Овсјаникова ќе ѝ се суди според неодамна донесениот закон кој забранува ширење „лажни вести“ за инвазијата на Украина, за што може да се добие до 15 години затвор.

Пред да упадне во програмата, Овсјаникова оставила снимена видеопорака, во која ги опиша настаните во Украина како злосторство и кажа дека се срами што учествувала во ширењето на пропагандата на Кремљ.

Share
Scroll to Top