Канје ‘Је’ Вест во неделата започна жесток напад на социјалните мрежи врз Пит Дејвидсон, го нарече со погрден збор (d***head) и сподели скриншот од своја текстуална порака со него.
Раперот (44), исто така, го предупреди новото момче на Ким Кардашијан дека никогаш нема да ги запознае децата од бракот со неговата поранешна сопруга, и покрај фактот што Дејвидсон (28) е во врска со неа од минатиот октомври.
Во уште еден контроврзен напад, Вест пренесе целосно неосновани шпекулации дека Дејвидсон порано се занимавал со одмаздничка порнографија, така што на раперот Мек Милер му испратил интимни фотографии од него и поранешната свршеница Аријана Гранде.