Канје Вест е со Џулија Фокс за да ја испровоцира Ким, тврди извор

пред 2 години

Канје Вест, наводно, започнал врска со Џулија Фокс „за да ѝ влезе под кожа на Ким Кардашијан, објавија таблоидите, цитирајќи инсајдер.

44-годишниот рапер неодамна почна да излегува со актерката Џулија (31), но според инсајдерот, Канје едноставно се обидува да ја испровоцира својата отуѓена сопруга.

„Тоа е очајна игра за внимание. Нема друго објаснување кога тој избира и решава со кого да излезе во јавност,“ објасни изворот.

Познато е дека контроверзниот рапер сè уште не може да ја преболи Ким (41) – која има четири деца со него – и не може да се совземе откако таа започна романса со комичарот Пит Дејвидсон.

Друг извор за весникот „Њујорк пост“изјави: „Тој јавно се бори за враќање на своето семејство, а при тоа се поврзува со сите овие различни девојки. Тоа е многу чудно“.

Во меѓувреме, пријателите на Ким мислат дека Пит е „токму она што и требаше“ по разделбата со Канје.

„Крајот на бракот беше многу мрачен период за неа и Пит е најдобриот противотров“.

Share
Scroll to Top