Остра општествена сатира за класниот конфликт, со веќе неславна сцена со повраќање и дијареа, ја освои главната награда на Канскиот филмски фестивал.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Триаголник на тагата“ му донесе место на Швеѓанецот Рубен Остлунд во елитната група режисери со две „Златни палми“, откако ја освои првата во 2017 година со „Сквер“ (The Square).
Познат во уметничкиот свет по своето инсистирање на реалниот живот и автентичноста, Остлунд во своите филмови користи скалпел за буржоаската финоќа, а овој пат погледот го сврте кон манекенките и ултрабогаташите, чиј статус одеднаш е поткопан кога нивниот брод крузер се соочува со катастрофа.
Проширената секвенца на повраќање и насилна дијареа на бродот брзо стана тема на фестивалот по неговата премиера минатата недела, оставајќи ги гледачите или да завиваат од смеа или да позеленат.
Прифаќајќи ја наградата, Остлунд рече дека сакал публиката да се забавува, но и „да си поставувааат прашања, да излезат по проекцијата и да имаат за што да разговараат“.
Наградата за најдобар режисер ја освои Парк Чан-вук од Јужна Кореја. Парк – познат по трилерот „Олдбој“ од 2003 година – победи со еротската крими-драма Decision to Leave („Одлука за заминување“).
Ова беше силна ноќ за Јужна Кореја – наградата за најдобар актер заврши во рацете на Сонг Канг-хо за „Брокер“. Сонг го привлече меѓународното внимание со неговата изведба во „Паразит“ награден со „Оскар“ во 2019 година.