Кајли Џенер потврди дека очекува второ дете со нејзиното момче раперот Тревис Скот во најновата објава на социјалните мрежи каде сподели видео на кое се гледа трудничкиот стомак.
Магнатот за козметика, горда мајка на тригодишната ќерка Сторми, сподели емотивно видео на Инстаграм во вторникот – три месеци по обновувањето на врската со поранешниот партнер.
За наводната бременост на Кајли се шпекулираше доста во изминатиот период, откако таа и Тревис одлучија да си дадат втора шанса во врската, по разделбата во 2019 година.
Таа, исто така, го документира својот прв триместар во видеото на кое се гледа дека и нивната ќерка Сторми е среќна.
Кајли (24) и Тревис (30) навестија дека се враќаат на вистинскиот пат откако присуствуваа заедно на Parsons Benefit во Њујорк, а тој извика гласно среде толпа луѓе: „Те сакам женичке!“