Ким Кардашијан и Флојд Мејведер тужени поради промоција на криптотокени

пред 2 години

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан и боксерската легенда Флојд Мејведер Џуниор се соочуваат со тужба во која се тврди дека двајцата ширеле дезинформации и погрешно ги наведувале инвеститорите во промоција на токени или криптовалути.

Во тужбата, поднесена во федералниот суд во Лос Анџелес, се тврди дека двете познати личности рекламирале токени што ги продава EthereumMax, или EMax, со цел да ја зголемат цената на токенот и да остварат профит „на сметка на нивните следачи и инвеститори“.

„Раководители на компанијата, соработувајќи со неколку познати личности промотори … дадоа лажни или погрешни изјави за EthereumMax преку објави на социјалните мрежи и други промотивни активности“, се наведува во тужбата.

Кардашијан, наводно, го промовирала EthereumMax во една објава во јуни 2021 година на Инстаграм, кога имала 250 милиони следачи на социјалната мрежа.

„Дали сте заинтересирани за крипто? напиша таа во објавата, по што следеше одрекување: ова не е финансиски совет, туку сакам да споделам информација која штотуку ми ја кажаа моите пријатели за токените на EthereumMax. Таа го додаде хаштагот #AD за да покаже дека објавата е платена реклама,“ стои во тужбата.

Мејведер го промовираше EthereumMax на своите боксерски шорцеви за време на многу гледаниот меч со познатиот јутјубер Логан Пол, во јуни, меѓу останатото.

Претставниците на Кардашијан и Мејведер не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Share
Scroll to Top