Ким Кардашијан се придружи на клубот милијардери

пред 3 години

Ким Кардашијан ја додаде титулата милијардер во својата биографија.

Жената која започна деловна кариера со козметика и долна облека надвор од реалити-серијата „Дружење со семејството Кардашијан“ за првпат во вторникот (6 април) се најде на списокот на светски милијардери на магазинот „Форбс“.

„Форбс“ проценува дека Кардашијан (40) „сега вреди една  милијарда долари, за разлика од 780 милиони долари во октомври, благодарение на два профитабилни бизниси – KKW и Skims – како и пари од реалити-телевизијата и други договори и голем број помали инвестиции “.

Проценката на „Форбс“ значи дека Кардашијан ќе му се придружи на нејзиниот наскоро поранешен сопруг Канје Вест во клубот на милијардери. Магазинот во вторникот ја процени нето-вредноста на Канје на 1,8 милијарди долари, воглавно од бизнисот со неговите спортски патики и модна линија „Јизи“.

Полусестрата на Ким, Кајли Џенер, го загуби статусот милијардер, потврди „Форбс“ во вторникот.

Share
Scroll to Top