Кола отепа мечка на автопатот Тетово-Скопје

пред 4 години

Четириесет и три годишен возач од Кичево со својот автомобил удрил во мечка ноќеска на автопатот Тетово-Скопје. При инцидентот нема повредени луѓе, ама од ударот мечката е усмртена. И тетеовската полиција ја потврди веста дека коќеска околу 2:20 часот, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на месноста „Карпалак“, патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ф.О. од Кичево, удрило и усмртило мечка. Нема повредени лица во возилото, соопшти денес портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Потоа на местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово

Share
Scroll to Top