Маск потврди дека има близнаци со колeшка од „Тесла“

пред 2 години

Елон Маск потврди за „Пејџ сикс“ дека добил близнаци со Шивон Зилис, извршна директорка на неговиот стартап за вештачка интелигенција „Неуралинк“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Милијардерот им се заблагодари на новинарите на порталот кои му се јавиле да ја проверат информацијата и му честитале.

„Браво за големите семејства“ додаде тој во интервјуто за “Пејџ сикс“.

Запрашан уште колку деца би сакал да има, Маск рекол: „Што повеќе. Сакам да го поминувам слободното време со нив и да бидам добар татко. Моите најстари деца сега се на факултет, а тинејџерите не сакаат да поминуваат многу време со своите родители. Посакувам да беше поинаку.“

За потсетување, Илон и Шивон добија близнаци во ноември 2021 година, но оваа информација дури сега стана јавна. „Бизнис инсајдер“, кој доби пристап до судските документи, пишува дека Маск и мајката на близнаците поднеле барање до судот децата да го имаат презимето на нивниот татко и презимето на нивната мајка како дел од нивното средно име.

Судија од Тексас го одобрил барањето еден месец подоцна.

Share
Scroll to Top