Младиот актер Гаспар Улиел почина во несреќа на скијање

пред 2 години

Францускиот актер Гаспар Улиел, кој треба да се појави во претстојната ТВ- серија на „Марвел“, Moon Knight („Месечев витез“) почина на 37-годишна возраст.

Неговото семејство изјави за новинската агенција АФП дека тој починал во средата по несреќа на скијање на Алпите.

Улиел, еден од француските актери во подем, беше познат по филмовите „Долга свршувачка недела“, „Тое е само крај на светот“ и „Сен Лоран“, биографски филм за францускиот моден дизајнер.

Актерот во вторникот скијал во регионот Савој кога се судрил со друго лице.

Тој претрпел тешка траума на мозокот и со хеликоптер бил префрлен во болница во Гренобл, каде што починал следниот ден.

Другиот скијач не бил хоспитализиран. Во тек е истрага.

Веста за неговата смрт дојде само еден ден откако на интернет беше објавен трејлерот за „Месечев витез“ (Moon Knight), во кој тој глуми како Миднајтмен (Midnight Man).

Share
Scroll to Top