НАСА ќе го истражува сексот во Вселената

пред 3 години

НАСА соопшти дека се размислува да го истражи сексот во веслената, нешто „ги загрижувало астронаутите“ и научниците со десетлетија. Вселенската агенција ќе го основа „Клубот 62 милји“ со цел да се истражи дали и како луѓето можат безбедно да се размножуваат во Вселената, објави „Дејли стар“. Научниците кажа дека  ова ќе биде од важно значење за да се обезбеди долгорочно човечко присуство на Месечината и Марс, како што се надеваше и Илон Маск.

– Ниту еден труд досега не се занимавал со интимни односи или човечкото искуство во сексуалните функции и состојба во Вселената или во вселенските вештачки објекти, или како сето тоа може да влијае на работата на екипажот, вели академик Сајмон Дубе.

По години избегнување на проблемот и принудување на астронаутите да се воздржуваат од сексуален контакт, НАСА конечно соопшти дека е подготвена да спроведе истражување на оваа тема.

-Ние првенствено се занимаваме со обезбедување на здравјето и безбедноста на членовите на екипажот во Вселената на подолги временски периоди. Нашата програма за истражување со луѓе работи на намалување на петте опасности поврзани со човечкиот вселенски лет и истражува како да им помогнеме на луѓето во екипажот да работат заедно и да останат емотивно подготвени при нивното патување. Доколку во иднина се идентификуваат подлабоки истражувања за репродуктивното здравје, НАСА ќе преземе соодветни мерки, соопшти американската вселенска агенција.

Никој не знае дали сексот е возможен при нулта гравитација поради неговото влијание врз течностите и – основната механика на чинот. Физичарот и астроном, д-р Џон Милис изјави за „BuzzFeed” дека машкото возбудување би било „предизвик во Вселената, иако тоа сепак може да биде технички возможно“, а и дека проблеми може да појават и кај женските астронаути.

– Вагиналната течност може да биде проблем, бидејќи течноста – како потта и солзите вообичаено се собира на местото на исфрлње во телото, во отсуство на гравитација, објаснува д-р Милис.

Патувањето до Марс трае околу седум месеци. Астронаутите или вселенските туристи всушност би можеле и да зачнат и да се породат во Вселената со Можно опасни последици од нултата гравитација и вселенското зрачење.

Share
Scroll to Top