Некои од најважните моменти на црвениот тепих на БАФТА наградите

пред 3 години

„Дина“ можеби освои најмногу награди, но „Моќта на кучето“ се покажа премногу моќен кога беа во прашање најдобрите категории на вечерта на доделување награди на британската академија за филм и телевизија (БАФТА).

Вестернот со Бенедикт Камбербач во главната улога освои награда за најдобар филм и најдобра режија за Џејн Кемпион, ставајќи го на добра позиција пред „Оскарите“ подоцна овој месец.

Вил Смит, Трој Котсур и Аријана Дебоуз го зацврстија својот статус како фаворити за „Оскар“.

А што се однесува до најинтересните моменти на црвениот тепих а и потоа, медиумите издвоија неколку од синижоќешната церемонија во Ројал Алберт Хол, која означи враќање на настанот лично со целосен капацитет.

Австралиската комичарка Ребел Вилсон имаше импресивно деби како домаќин.

Лејди Гага (лево) и минатогодишната победничка Баки Бакрај (десно) ѝ ја доделија наградата Ѕвезда во подем на Лашана Линч.

Аријана Дебоуз не беше подготвена за британското време.

„Следниот пат ќе се консултирам со временската прогноза за да знам што да облечам,“ се пошегува победничката за најдобра споредна актерка во изјава за новинарите зад сцената по дождливиот црвен тепих.

Но, непознато за многумина, нејзиниот прекрасен фустан – креација на Оскар де ла Рента – всушност се покажа како политичка изјава – кога ќе се стави заедно со оној на нејзината колешка од West Side Story („Приказна од западната страна“).

„Дали некој виде што носи Рејчел Зеглер? Бидејќи ние двете стоиме покрај Украина, и сериозно, тоа го рефлектираме во боја“, рече таа.

Share
Scroll to Top