Норвшкиот научник кој ја утврди врска меѓу вакцината „АстраЗенека“ и смртни случаи од тромбоза криел дека земал пари од “Фајзер“

пред 3 години

Норвешкиот хематолог Пал Андре Холме примил над еден милион круни од „Фајзер“ и „Баер“, објави норвешкиот весник „ВГ“. Според пишувањата, тој и уште неколку негови колеги се автори на научната студија во која е утврдено дека смртните случаи од згрутчување на крвта кај тројца здравствени работници во Норвешка е поради вакцината на „АстраЗенека“.

Пал Андре Холме кој е е шеф на Одделот за крвни болести на Универзитетската болница во Осло беше главен предводник за клиничкиот дел од студијата. Ама тоа што не е споменато во студијата е дека тој примил 265.438 круни од фармацевтската компанија „Фајзер“ од 2015 до 2019 година како и 663.659 круни од „Баер“. Плус, неговата компанија „Хемаконсулт“ добила 262.450 и 57.697 круни од „Фајзер“ и „Баер“ во 2019 година. Тоа е околу 125 илјади евра, пишува „ВГ“.

Холме за норвешкиот весник изјавил дека парите биле за предавања на меѓународни и домашни конгреси, обуки и патни трошоци.

Научниците кои објавуваат студии во реномирани магазини како Медицинскиот журнал на Њу Ингланд (НЕЈМ) каде што тој и колегите ја објавија студијата за несаканите ефекти на вакцината на „АстраЗенека“, мора да следат одредени етички препораки. Една од нив е да ги наведат сите партнери кои ги имале, а кои можат да бидат релевантни за студијата и сите финансиски примања што ги имале, а што може да остават впечаток за конфликт на интерес. Но, тој навел дека немал такви врски.

Според „ВГ“, тој штиклирал „не“ на прашањето дали примил пари од релевантни компании во последните 36 месеци исто како и на прашањето дали има некакви врски кои би можеле да предизвикаат сомнеж за конфликт на интереси.

Откако го прашале, Холме изјавил дека не гледа никаков етички проблем со фактот што земал пари од конкуренцијата на „АстраЗенека“, со објаснување дека тие  пари не биле за истражување на вакцини.

Share
Scroll to Top