Одложен историскиот лет на хелихоптерот на НАСА над Марс

пред 3 години

НАСА го одложи првиот лет на минијатурниот хеликоптер „Генијалност“ на Марс, поради технички проблеми, соопшти американската вселенска агенција.

Минихеликоптерот „Ingenuity“ (Генијалност), кој пристигна на Марс со роверот „Истрајност“, нема да полета пред 14 април, иако беше предвидено да полета во недела на 11 април.

Вселенската агенција соопшти дека испитувањето на брзите движења на роторот на „Генијалност“ во петокот покажа проблеми со полетувањето, иако хеликоптерот е безбеден и дека испратил и податоци на Земјата.

Тимот ги проверува податоците за да го дијагностицира проблемот и да одреди нов датум на тест со целосна брзина на ротација.

За време на пробниот лет, хеликоптер тежок околу 1,8 килограми ќе лета до висина од околу три метри, ќе остане на едно место 30 секунди, а потоа ќе се врати на површината на Марс. Со тоа ова би бил првиот лет на вакво летало на друга планета.

Хеликоптерот се напојува со литиумски батерии и има капацитет за уште неколку обиди за лет. Се соочува со екстремни услови на Марс, температура од минус 90 степени Целзиусови, слаба гравитација и ретка атмосфера.

Минихелихоптерот патуваше до Марс со роверот „Истрајност“, кој тежи околу 1.000 килограми и е со големина на помал автомобил.

Роверот пристигна на Марс во февруари, а за 203 дена лет помина 472 милиони километри. Слета во пресушениот кратер Језеро долг 45 километри, а во следните две години треба да изврши увид во кратерот.

Share
Scroll to Top