Организаторот на „Оскарите“ вели дека не одобрува насилството

пред 3 години

Американската академија за филмски уметности и науки, организатор на церемонијата на „Оскарите“, објави на Твитер дека не одобрува насилство. Соопштението следеше по инцидентот во неделата вечерта, кога актерот Вил Смит му удри шлаканица на водителот Крис Рок на сцената за време на директниот телевизиски пренос.

„Академијата не одобрува насилство од каква било форма“, напиша Академијата во својот прв твит по церемонијата.

„Вечерва со задоволство ги прославуваме победниците на нашите 94. „Оскари“, кои го заслужуваат овој момент на признание од нивните врсници и љубители на филмот ширум светот.“

Share
Scroll to Top