Осигурителната компанија на Амбер Херд не сака да плати отштета на Џони Деп

пред 2 години

На Амбер Херд ѝ беше наложено да му плати на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп 10,35 милиони долари како компензација и казнена отштета, откако поротата во Вирџинија пресуди дека го клеветела кога во 2018 година напишала статија дека е жртва на семејно насилство.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Актерката се надеваше дека нејзината осигурителна полиса кај New York Marine и General Insurance Co. ќе покрие дел од сумата.

Сепак, иако полисата покрива различни видови незаконско однесување, вклучително и клевета, „ТМЗ“ забележа дека според законот во Калифорнија – кој ја регулира полисата – осигурителната компанија не е обврзана да плати доколку осигурената страна се однесува недолично со намера, а компанијата нотира дека поротата не само што утврди намерна клевета, туку и злонамерна.

Осигурителната компанија „Њујорк марине“ бара изјава од судијата дека врз основа на правилата и законот, тие не се одговорни да ја платат отштетата за Амбер.

Share
Scroll to Top