Научниците тврдат дека ја откриле најголемата бактерија на светот, која може јасно да се види и со голо око. Оваа бактерија со големина на човечка трепка е наречена thiomargarita magnifica. Откриена е на потонати, распаднати лисја од мангрова на француските Кариби. И покрај својата големина, не е опасна и не може да предизвика болести кај луѓето.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
Еден сантиметар долгата бактерија не е најголемиот едноклеточен организам на Земјата, туку тоа веројатно е алга наречена caulerpa taxifolia, која е десетпати подолга.
„Овие бактерии се 5.000 пати поголеми од повеќето бактерии. За споредба, тоа е како просечен човек да се соочи со друг човек кој е висок колку Монт Еверест“, изјави Жан-Мари Воланд од Геномскиот институт при националната лабораторија „Лоренс“ во Калифорнија.
Оваа бактерија првпат била идентификувана во 2009 година на Гваделуп, но дури неодамна детаљно била проучена.