Во тужбата против Алек Болдвин се тврди дека филмското сценарио не барало од него да пука со пиштол кога фатално ја застрелал снимателката Халина Хачинс.
Супервизорот на сценариото на вестернот Rust, Мејми Мичел, која повика полиција по пукањето на филмскиот сет во Ново Мексико, поднесе тужба.
Нејзиниот адвокат го обвини актерот дека „играл руски рулет“ кога пукал од пиштолот без да го провери.
Болдвин и продуцентите на филмот, кои исто така се именувани во тужбата, сè уште не коментираа.