Полицијата го растури карневалот во Вевчани, фрштеа пцовки од василичарите на дефилето

пред 3 години

Полицијата го растури карневалот во Вевчани, кој оваа година не беше официјално организиран од страна на Општината поради пандемијата на коронавирус. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полицијата интервенирала поради непочитувањето на мерките за спречување на ширење на коронавирусот односно забраната за групирање на повеќе од четири лица.

Присутните ја дочекаа полицијата со пцовки, а настана и турканица меѓу василичарите и полицајците.

Од МВР велат дека и покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собрала во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата.

Група вевчанци не се откажаа од традицијата и излегоа маскирани на карневалот, а имаше и публика која го следеше дефилето.

Општина Вечвани оваа година се откажа од организирање на традиционалниот карневал.

Градоначалникот, Сашо Јанкоски, вчера апелираше да се почитуваат мерките и протоколите на Комисијата за заразни болести.

 

Share
Scroll to Top