Потврдено оживувањето на „Сексот и градот“, но без Ким Катрал

пред 3 години

„Ејч-би-о Макс“ ја потврди новата сезона на мегапопуларната ТВ-серија „Сексот и градот“.

Сара Џесика Паркер (во улога на Кери Бредшо), Синтија Никсон (Миранда Хобс) и Кристин Дејвис (Шарлот Јорк Голденблат) се пријавија за 10 епизоди под наслов And Just Like That

Сара Џесика (55) го објави трејлерот на Инстаграм и напиша: „Не можам да не се запрашам … каде ли се сега?“

And Just Like That… е фразата која Кери ќе ја кажува на почетокот на секоја епизода од хит-серијата, која за прв пат се емитуваше во 1998 година и траеше шест сезони до 2004 година.

Триото повторно ќе се дружи на малиот екран по долгометражниот филм од 2010 година, „Сексот и градот 2“, продолжение на оригиналниот филм од 2008 година.

Ликот на Ким Катрал, Саманта Џонс, го нема во трејлерот.

Share
Scroll to Top