Почина комичарот Боб Сагет

пред 2 години

Американскиот актер и комичар Боб Сагет, најпознат по улогата Дени Танер во ситкомот „Полна куќа“ (Full House), ненадејно почина на 65-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Актерот бил пронајден во соба во хотелот Риц-Карлтон во Орландо, Флорида во неделата.

Службениците од канцеларијата на шерифот на округот Оринџ пристигнале по повик од персоналот на хотелот и констатирале смрт на местото на настанот.

Точните детали околу неговата смрт остануваат нејасни.

Сепак, во кратката изјава објавена на Твитер, канцеларијата на шерифот наведува дека детективите не пронашле траги на насилство или употреба на дрога при првичните испитувања.

„Со голема тага потврдуваме дека нашиот сакан Боб почина денес“, се вели во соопштението на неговото семејство.

Share
Scroll to Top