Војвотката од Корнвол Камила Паркер Боулс е позитивна на тестот за коронавирус само неколку дена откако нејзиниот сопруг, принцот Чарлс, доби позитивен тест.
Принц и Камила моментално се во самоизолација, пишува Би-би-си.
„Војвотката од Корнвол е позитивна на Ковид-19 и моментално е во изолација. Таа се придржува до сите мерки“, рече портпаролот на „Кларенс Хаус“.
Камила е вакцинирана со три дози, а сега е заразена првпат, додека ова е вторпат за Чарлс да е е позитивен на коронавирус. Бакингемската палата соопшти дека кралицата Елизабета досега немала никакви симптоми на болеста, но одби да потврди каков бил нејзиниот тест.