По 27 години брак Бил и Мелинда Гејтс и официјално се разведоа

пред 3 години

По 27 години брак, еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс и официјално се разведе од неговата сопруга Мелинда, пишува US Weekly. Двајцата ги договориле условите за разделба и ниту еден од нив нема да мора да плаќа алиментација.

Бил и Мелинда имаат три возрасни деца, а во документите за развод не се споменува издржување или старателство. Целиот имот ќе биде поделен во согласност со договорот кој двете страни го направиле.

Како што пренесуваат медиуми Мелинда може да добие половина од богатството на Бил, кое се проценува помеѓу 124 и 131 милијарди долари.

Двајцата објавија дека се разделуваат уште во мај годинава. Тие рекоа дека одлуката заеднички ја донеле.