Прв академск час на АУЕ–ФОН

пред 4 години

Во време на пандемија зголемен упис на студенти

Американскиот универзитет на Евроопа-ФОН денес го одржа првиот академски час за оваа учебна година, а на „онлајн“ церемонијата на новите студенти (бруцоши) им се обрати  в.д. ректорот професор д-р Љубомир Фрчкоски кој ги повика студентите да учат на едно од најдобрите места. Тој  нагласи да учиме заедно и да создаваме култура и моќ од знаењето, да создаваме заедница која ќе биде просветлена со хуманизам, солидарност и знаење.

Во време на криза предизвикана  од панедмијата со корона вирусот, вредно е да споменеме дека АУЕ-ФОН е единствен Универзитет кој за една третина има зголемен број на уписи на студенти во однос на минатата година. Се соочуваме со многу предизвици, но и покрај тоа верувам во иднината на Американскиот универзитет на Европа–ФОН, како и во нашата мисија затоа што знам дека можеме заеднички да придонесеме за трансформација на иднината на луѓето, изјави претседателот на управниот одбор г-динот професор д-р Рејмонд Аикики.

АУЕ-ФОН  ја започна оваа учебна година 20202/2021 трансформиран согласно најсовремените американски образовни стандарди кои нудат флексибилни, либералени и просперитетени студии ставајќи го студентот во фокусот на интересот.