Преку видеоигра бил извршен најголемиот грабеж во историјата со криптовалути. Медиумите пренесоа дека хакери успеале да украдат 173.600 ETH, околу 600 милиони долари од учесниците во играта Axie Infinity, во која играчите користат криптовалути за заработка.
Axie Infinity е игра која го користи принципот „играј за да заработиш“, во која играчите можат да инвестираат во криптовалути, а потоа играат за да заработат што повеќе дигитални валути кои можат потоа да ги конвертираат во пари.
Оваа игра се смета за една од најпопуларните во светот. Организаторите пренесоа дека делумно за грабежот причина е и човечки фактор.
Шест дена никој не забележал дека парите криптовалутите биле украдени. Ова им овозможило на хакерите да ја превземат контролата врз четирите јазли за валидација на мрежата Ronin и да почнат да префрлаат средства во нивните паричници. Хакерскиот напад траел од 23 март до 29 март период во кој биле повлечени 5.000 ЕТХ. Кога одговорните откриле било предоцна.