Принцот Хари во Лондон, првпат по контроверзното интервју со Опра

пред 3 години

Принцот Хари синоќа од Лос Анџелес допатува во Лондон за да присуствува на погребот на неговиот дедо, принцот Филип.

Војводата од Сасекс беше пречекан на пистата на аеродромот од припадници на кралското обезбедување и полицијата.

Медиумите претпоставуваат дека принцот Хари до погребот ќе престојува во Нотингем котиџ во палатата Кенсингтон, каде што живееше со Меган Маркл на почетокот на бракот.

Неговата сопруга, која е во третото тримесечје од бременоста, останува во Лос Анџелес по совет на лекар.

Според законот, принцот Хари треба да помине десет дена во карантин, но ќе му биде дозволено да присуствува на погребот ако по пет дена неговиот тест за Ковид-19 биде негативен.

Медиумите шпекулираат дека семејството Виндзор ќе го искористи времето до погребот за да ги залечи раните предизвикани од неодамнешното мошне контроверзно интервју на принцот Хари и Меган Маркл со Опра Винфри.

Интервјуто го донесе младиот принц од третиот најпопуларен член на кралското семејство до третиот најнепопуларен.

Сепак, според протоколот, за време на две недели жалост во кралското семејство, единствена тема на разговор би можеле да бидат нивните спомени за принцот Филип.

Share
Scroll to Top