Проблеми со гласањето на „Евровизија“: Романија тврди дека не и’ дала 12 поени на Украина

пред 3 години

ЕБУ ги анализираше гласовите на жирито по втората генерална проба на втората полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија 2022 година и идентификуваше одредени неправилности во гласањето на шест земји.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

По обвинувањата за мамење на Евровизија, се огласи и шефицата на романската делегација, Јулијана Марчук, која тврди дека 12-те поени што Букурешт и ги додели на Молдавија и припаднале на Украина и дека не ѝ е јасно зошто ЕБУ го поништила гласањето на нивното жири.

– Се јавив во Букурешт од Торино, побарав да ми го дадат резултатот, бидејќи до тој момент не знаев детали за тоа како е организирано жирито во студиото. Дознав дека гласањето било организирано според сите правила на ЕБУ, со задолжително присуство на записничар, кој пристигнал во студиото пред членовите на жирито. Членовите на жирито не можеа да комуницираат меѓу себе. Не можеа да зборуваат. Секој човек ги потпиша своите гласови. Не го видоа ниту конечниот резултат на жирито. Не знаеме што е проблемот! – изјави Марчук за романскиот Тележурнал и тврди дека романското жири ги почитувало сите правила поставени од ЕБУ.

ЕБУ ги анализираше гласовите на жирито по втората генерална проба од втората полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија 2022 година, при што беа утврдени одредени неправилности во гласањето на шест земји.

– Романската телевизија е целосно посветена на учеството на Евровизија 2022, плаќајќи ја котизацијата и подготвувајќи заедно со својот ВРС тим, проект кој уживаше јавно признание. Сепак, бевме изненадени кога откривме дека резултатот од гласањето на романското жири не беше внесен во конечната ранг листа, при што организаторите доделија уште еден сет на поени за финалистите, во име на жирито на нашата земја. Прецизираме дека жирито во Романија одлучило да додели максимален број поени на претставниците на Молдавија, се тврди во соопштението на романската телевизија.

Во саботата вечерта, околу 20 часот, непосредно пред почетокот на гласањето, ЕБУ издаде соопштение во кое сугерираше дека „зад сцената“ е драма.

Овој процес е потврден од Независниот мониторинг на гласање“, велат оттаму. Земјите кои беа исклучени од гласањето се Азербејџан, Грузија, Црна Гора, Полска, Романија и Сан Марино.

Share
Scroll to Top