Поранешниот носител на титулата најсексипилен маж на светот, која магазинот „Пипл“ му ја додели во 2010 година, има неколку мудри совети за овогодинешниот избраник.
Рајан Рејнолдс (45) на шега му кажа на актерот и пријател Пол Рад дека не треба да се срами поради наградата на публикацијата.
„Немој да зафркнеш, Рад“, рече Рејнолдс во емисијата Today во средата. „Ако си таму, не ја испуштај оваа можност. Трчај како ветер.“
„Мислам дека ќе ја пропушти оваа можност, како и многумина пред него“, се пошегува актерот.
„Ќе се однесува срамежливо, скромно. Знам дека ќе се срами. Да го знаев ова што сега го знам, поинаку ќе постапував. Треба да ја искористите можноста,“ рече Рејнолдс во емисијата.
Магазинот „Пипл“ секоја година избира една славна личност на која ѝ ја доделува титулата најсексапилен маж. Годинава тоа е Пол Рад.
52-годишниот актер во вторникот беше прогласен за најсексапилен маж на светот за 2021 година.