Републиканец кој победил на изборите, починал од корона пред еден месец

пред 3 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Републиканецот од Северна Дакота, Дејвид Андал освои место во Претставничкиот дом, речиси месец дена, откако на 5. октомври починал од ковид 19.

Андал се кандидирал со уште еден републиканец, Дејв Нернигм, а двајцата кандидати ги победиле демократските противкандидати, пренесува „Њујорк пост“.

Но, Андал почнал откако бил хоспитализиран поради болеста околу четири дена, изјавила неговата мајка Пат Андал.

Таа изјавила за локалниот весник The Bismarck Times, дека нејзиниот син вложил многу труд во кампањата и бил многу внимателен во котантактот со мештаните.

Андал имал 55. години кога починал, а претходно победил на примарните избори, на кои го поддржа сенаторот Кевин Крејмер, наведувајќи дека потребни се уште републиканци во државното законодавно тело.

На неговиот „Фејсбук“ профил, неговата кампања и понатаму стои објавена на врвот на страницата. Како ќе заврши оваа правна приказна, ќе одлучат локалните републиканци, но изборното законодавство во делот на американските држави не дозволува замена на кандидатите во текот на траењето на изборниот процес, па дури ни по неговата смрт.

Слична ситуација се случи пред месец дена и во Европа, кога градоначалник од романското место Девеселу, кој почина од коронавирус, победи на локалните избори.

Политико укажува дека во текот на октомври во Северна Дакота дошло до драматично ширење на заразата на коронавирус и дека оваа држава води во САД во бројот на случаи на 100.000 жители, според податоците на Ковид Трекинг проектот.

 

Share
Scroll to Top