Родилка од Кочини на 52 години првпат стана мајка

пред 5 години

Денес во специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во скопската општина Чаир се породи 52 годишна жена. Веста ја потврдија од болницата и ова беше нејзината прва бременост. Родилката е од Кочани, таа роди ќерка и бебето и мајката се во добра здравствена состојба.
Пред само шест дена уште една ваква вест пристигна од истата болница. Тогаш се породи 50.годишна жена која 27 години водела битка со стерилитет.

Share
Scroll to Top