Роман Абрамовиќ бил отруен со нервен гас

пред 3 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Рускиот олигарх Роман Абрамовиќ и украинските мировни преговарачи биле отруен со нервевн гас, сличен на сарина или новичок, рече полковник Хамиш де Бретон Гордон, поранешен командант на НАТО.за британски „Телеграф“.

Поранешниот сопственик на Челзи првите симптоми ги почувствувал по состанокот во Киев овој месец. Абрамовиќ за време на преговорите изел чоколадо и испил вода, а неколку часа подоцна се пожалил на болки во очите и на воспалена кожа која почнала да му се лупи по лицето.

Извори велат дека за кратко ослепел од последиците на турењето. Овие симптоми може да се поврзат со труење со три хемикалии: порфирини, бициклични супстанци или органофосфати, смета Гордон.

Органофосфатите се хемикалии кои вообичаено се користат како пестициди, а биле преименувани како нервни гасови во Втората светска војна, кога за прв пат се користел саринот. Тие дејствуваат така што го попречуваат производството на ензимот ацетилхолинестераза, кој е неопходен за правилно функционирање на нервните клетки.

Поради тоа сигналите кои ги добиваме не можат да се пренесат низ телото, што резултира со сеприсутно нарушување и стрес, а доколку дозата е доволно голема, може да предизвика смрт.

„Абрамович најверојатно е отруен од такви хемикалии. Се чини дека бил користен органофосфат, кој всушност е нервен гас. Тоа е начин на работа многу слична на операциите на ГРУ (Руската разузнавачка служба) против Александар Литвиненко и Сергеј Скрипаљ и Операции на ФСБ „Смрди“ на Русија, но ќе треба да почекаме и да видиме дали ќе се појават медицински досиеја“, рече Гордон.

Тој смета дека Абрамовиќ преживеал затоа што бил отруен со мала доза, но, останува непознато дали потоа бил лечен со противотровен атропин. Симптомите од труење со органофосфати се потење, губење на памтењето, збунетост и главоболка, а сето ова го имал и Абрамовиќ.

Друга опција за труење е порфирин. Станува збор за група хемикалии кои можат да предизвикаат оштетување на црниот дроб и нервниот систем. Едно лице може да има симптоми гадење, болка во градите, проблеми со дишењето, проблеми со мокрењето и отечена и болна кожа.

Извор близок до Абрамович е убеден оти зад труењето стојат некои луѓе блиски до Кремљ и дека целта им била да го саботираат склучувањето на каков било мировен договор и барем да ги предупредат учесниците во тогашните неофицијални преговори.
„Од Кремљ веројатно сметале дека обидот да се склучи примирје е предавство“, рече изворот за „Телеграф“. Преговорите биле одржани во доцните вечерни часови на 3 март во Киев. Првите симптоми Абрамовиќ почнал да ги чувствува во раните утрински часови следниот ден.
Тој се наоѓал во стан во Киев каде преноќил. Еден од изворите блиски до него, рече дека неколку часа тој целосно бил спел и дека веднаш потоа летнал за Истанбул каде бил лечен.

 

Share
Scroll to Top