Свршеницата на Роналдо добива илјадници евра месечно за трошоци и грижа за децата

пред 3 години

Фудбалската ѕвезда Кристиано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез се еден од најпополарните парови во светот, кои имаат милиони следачи на социјалните мрежи и заработуваат неверојатни бројки од рекламни кампањи.

Всушност, познатата инфлуенсерка Георгина, наводно, добива вкупно 8.000 евра месечно од брендови за да ги рекламира нивните производи, но тоа не е единствениот нејзин приход.

Според шпанската ТВ-емисија „Вива ла Вида“, Роналдо секој месец префрла близу 100.000 евра на банкарската сметка на Џорџина.

Оваа сума, наводно, служи за трошоци и грижа за децата, односно за потребите на домаќинството, бидејќи Георгина е личноста која се грижи за децата додека Роналдо е отсутен.

Таа има едно дете со Роналдо, ќерката Алан, а моментално чекаат близнаци. Роналдо има уште три деца – Ева, Матеа и Кристијана – родени од сурогат мајка.

Георгина неодамна објави документарна серија за нејзиниот секојдневен живот на „Нетфликс“, во која опишува како се справува со тоа што истовремено е мајка, деловна жена, партнерка и инфлуенсер.

Португалецот минатата година во „Манчестер Јунајтед“ заработи 120 милиони евра.

TCR. on Twitter: "Cristiano Ronaldo gives his girlfriend Georgina Rodriguez a monthly allowance of 50,000 to 100,000€ for daily expenses and child care. Georgina has donated money to the Regina Margherita children's

Share
Scroll to Top