Сестрата на Ким се закани дека ќе го уништи Сеул ако дојде до напад од Јужна Кореја

пред 3 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Сестрата на Ким Џонг-ун, Ким Џо-џонг се закани дека ќе го уништи Сеул ако дојде до напад од Јужна Кореја. Заканите следеа по настапот на министерот за одбрана на Јужна Кореја, Сух Вук кој рече дека неговата земја е подготвена да го нападне северниот сосед.

Ким Џо-Џонг рече дека тврдењата на јужнокорејскиот министер само ги влошиле односите меѓу двете земји, пренсе државната новинска агенција KCNA. Сух Вук во петокот рече дека неговата земја располага со ракети со значително подобар домет, прецизност и сила.

Тие можат точно брзо да удрат во било која мета во Северна Кореја. Сух рече дека неговото министерство активно ја поддржува војската за да биде способна да одговори на севернокорејските ракетни закани, а Северна Кореја ја нарече непријател, пренесе „Хина“.

Сестрата на Ким е потпретседателка на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја. Таа рече дека поради ваквите изјави, Јужна Кореја би можела да се соочи со сериозна закана.

Напнатоста на корејскиот полуостров значително се влоши во изминатите неколку недели, откако Северна Кореја тестираше две балистички ракети поврзани со новиот ICBM систем кој оваа земја го развиваше.

Напнатоста може и да се зголеми, со оглед на тоа што следниот месец на должност стапува избраниот јужнокорејскио претседател Јун Сук-јеол, кој во минатото зборуваше дека дека превентивните напади може да бидат единствениот начин да се спротивстават на новите хиперсонични ракети на Северна Кореја, доколку се покажат подготвени за напад.

Јун повика на зајакнување на врските со САД и вети дека ќе се обиде да воспостави постојан трилатерален дијалог меѓу Јужна Кореја, Северна Кореја и Соединетите држави.

Share
Scroll to Top