Се бореше храбро, го обедини целиот свет: Светот се простува од трагично загинатиот Рајан

пред 3 години

Петгодишниот Рајан Аврам во вторникот падна во бунар во Мароко, а спасувачките екипи веднаш стапија на сила. Иако по четири дена деноноќно тргање по него, успеаа да го извлечат, сепак тој почина на пат кон болницата. Неговите родители биле видени како одат по хоризонталниот тунел, видно скршени, пред да заминат со возило на брзата помош.

Преносот на акцијата за спасување на момчето од бунарот длабок 32 метри го следеа сите светски медиуми. Луѓето бурно ја следаа ситуацијата, која беше неизвесна до самиот крај. Кога го извадија, одекна громогласен аплауз, а на социјалните мрежи беа споделени пораки со благодарност до спасителите и Господ. Но само половина час подоцна, мароканските власти соопштија дека момчето не преживеало. По што социјалните мрежи се преплавија од мотивни пораки, простувајќи се од него, а илустрациите за момчето кое оди во рајот ја споделуваат јавни личности и функционери.

„Почивај во мир ангелу, се надевавме на среќен крај, го обедини цел свет, ова е најлошата вест што можевме да ја слушнеме, не можам да замислам низ што поминуваат неговите родители, храбро се бореше“, се само дел од пораките што луѓето ги оставаат.

Мароканскиот крал телефонски им се јавил на родителите на момчето и им изразил сочувство. Додека францускиот претседател Емануел Макрон на Фејсбук напиша: „Вечерва сакам да им кажам на родителите на Рајан и на луѓето во Мароко дека ја споделуваме нивната болка“.

Семејството допрва треба да го објави датумот на погребот, но според муслиманската традиција тој треба да се одржи во недела.

Share
Scroll to Top