Се продава поршето Пабло Ескобар, колата на кралот на кокаинот ќе достигне цена до еден милион евра

пред 4 години

Поршето 911 Карера 3.0, кој му припаѓаше на кралот на кокаинот, Пабло Ескобар, ќе се продава на аукција. Автомобилот од 1974 година е уникатен, тој учествуваше во повеќе трки, а претходно го возеше и шампионот во Формула 1, Емерсон Фитипалди.

Оваа спортска кола ќе се продава на онлајн аукција и се очекува да се продаде за 1 милион долари.

Модел е вратен во САД по смртта на Ескобар.

Каросеријата е вратена во оригиналната состојба, а Поршето е реставрирано помеѓу 2007 и 2010 година. И по реставрацијата учествуваше на многу натпревари и освои многу награди.

Share
Scroll to Top