Скопска ЗОО ги кани скопјани на „Пинокио“ во Градски парк за 95. години постоење

пред 5 години

Скопската Зоолошка градина ќе одбележи 95 години постоење со низа настани. Првиот настап – кино на отворено ќе се одржи во недела со почеток во 20.30 со проекција на филмот „Пинокио“ во Градски Парк на Школка.

Во текот на наредните месеции се планирани бројни настани од едукативен и забавен карактер.

„Проекцијата на филмот е замислена како пикник, па секој треба да си понесе ќебенце. Ние ќе обезбедиме вода, сокови и кроасани за посетителите. Филмот „Пинокио“ кој беше номиниран во две категории за Оскар е од жанрот фамилијарен/фантазија, а влезот за сите посетители ќе биде бесплатен. Се гледаме на Школка“, соопштија од ЗОО Скопје

Share
Scroll to Top