Слуга од Бакингемската палата крадел од кралицата, вредните работи ги продавал на „Ибеј“

пред 3 години

Поранешниот слуга во Бакингемската палата, Адам Канто, добил осум месеци казна затвор, откако претходно пред судот во Лондон признал дека украл низа на вредни предмети од кралското семејство. Вредните работи тој потоа ги продавал на „Ибеј“.

Според пишувањата на британските медиуми, кражбите се случиле во периодот меѓу ноември 2019 и август 2020 година. Дел од украдените предмети, полицијата ги пронашла во неговиот дом, во местото каде што живееле и останатите вработени во палатата.

Меѓу предметите кои Адам ги украл имало и неколку ордени, броша, два златни ланци за џепни часовници, сребрено пенкало од Тифани, свилени пижами, „Самсонг“ мобилен, направен специјално за принцот Ендру и други работи.

Меѓу украдените работи иало и потпишани службени фотографии од принцевите Вилијам и Хари, од Кејт Мидлтон, фотоалбум од кралскиот банкет по повод посетата на американскиот претседател Доналд Трамп. Сè на сè, имало 77 предени украдени од палатата.

Обвинителот изјавил дека украдените предмети имале вредност од 14.000 па се до 150.000 евра. Истите биле продадени на „Ибеј“, а Адам ги продавал под своето име.

Медиумите пишуваат дека Канто почнал да краде, откако влегол во долгови. Украдената роба му донела заработка од околу 11.000 евра. Неговиот адвокат побарал од судот поблага казна, поради тоа што дел од парите Адам веќе ги вратил.

 

Share
Scroll to Top