Тројца луѓе преживеале 33 дена на пуст остров на Бахамите

пред 4 години

Американската крајбрежна стража спаси двајца мажи и една жена кои преживеале 33 дена на ненаселен остров на Бахамите. Тие доживеале бродолом, но успеале да допливаат до островот и да се спасат. Таму се хранеле само со кокоси.

Воздушна патрола, која била во редовна обиколка на регионот, пред неколку дена забележала тројца луѓе како веат импровизирано знаме на гребенот Ангиља, меѓу архипелагот Флорида Кис и Куба. Војниците не биле опремени за итно спасување, но на бродоломците им дале храна, вода и радиоврска за да можат да комуницираат.

„Делуваа како да се во паника, но беа и пресреќни што ги пронајдовме. Со моето слабо познавање на шпанскиот јазик, успеав да разберам дека се од Куба и дека им е потребна лекарска помош“, рекол поручникот на крајбрежната стража, Рајли Бичер за Би-би-си.

Откако ги спасиле, жената и двајцата мажи со хеликоптер се пренесени во медицински центар на Флорида, каде што ги прегледал лекар и констатирал дека немаат посериозни повреди. Тие таму кажале дека допливале до постиот остров откако нивниот брод потонал и дека таму останале 33 дена, а се хранеле со кокоси.