На 22 годишен Германец му било уништено БМВ-то кое го оставил на паркинг во населбата Линдеплатц во градот Хилден. Автомобилот го оставил вечерта, а следното утро го нашол без предниот дел.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
Крадците ги земале целата предна арматура, а штетата се проценува на 20.000 евра, пренесе „Индекс.хр“. Интересно е тоа што ги оставиле бандажите и катализаторот.
Инцидентот се случил во ноќта на 4 јуни, а полицијата до ден денес нема никакви информации за сторителите.