Тројца прободени, а уште тројца се здобија со модринки во традиционалната трка со бикови на фестивалот Сан Фермин во Памплона (Шпанија), соопшти денеска портпаролот на шпанскиот Црвен крст.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тој за националната телевизија потврдил дека еден маж е прободен на улица, а другите двајца биле прободени во арената, пренесува „АП“.
Еден бик повеќепати удирал од дрвената бариера ист тркач, а потоа му задал удар и со копитата.
Спектаклот траел околу 3 минути додека стотина тркачи бегале пред шест борбени бикови кои јуришаа на калдрмата на овој северен град.