Шоуто продолжува: „Оскарите“ се враќаат во Холивуд и ќе имаат водител

пред 2 години

„Оскарите“ ќе имаат домаќин за првпат од 2018 година и ќе се вратат во својот долгогодишен дом во театарот Долби, соопшти телевизијата „Еј-би-си“ во вторникот (11 јануари).

Додека другите наградни церемонии се одложени поради напливот на случаи со Ковид-19, „Еј-би-си“ навести дека нема промени во планот за одржување на „Оскарите“, највисоките филмски почести, на 27 март во Лос Анџелес.

Овогодинешната церемонија ќе има домаќин, изјави претседателот на „Еј-би-си ентертејнмент“, Крег Ервич, на настан на Здружението на телевизиски критичари. Тој не даде никакви детали.

„Можеби сум јас“, се пошегува тој.

Статуетките ги врачуваа познати личности, но немше водител во 2019, 2020 и 2021 година. Рејтинзите на телевизиската програма се намалија во последниве неколку години, паѓајќи на рекордно ниско ниво од 10,4 милиони луѓе во САД во 2021 година. Гледаноста на други настани со награди исто така опадна.

Фановите на британскиот актер Том Холанд сугерираа тој да биде домаќин на овогодинешната гала-вечер  по големиот успех на „Човек-пајак: Далеку од дома“, веројатно со неговата партнерка Зендаја.

Share
Scroll to Top