Џенифер Гарнер за малку ќе ја запалела кујната додека готвела

пред 4 години

Џенифер Гарнер ја продолжи божикната традиција на правење говедски бургињон по рецептот на Ина Гартен, но призна дека работите малку излегле од контрола и таа за влакно избегнала катастрофа.

49-годишната актерка сподели видео на Инстаграм од пожарот и напиша: „Една работа во врска со традициите – се што правите за да им дадете значење е да ги задржите. Не знам кога почнав да го правам говедскиот бургињон на @inagarten за Божиќ, одамна мирисот на оваа совршен гулаш ме прави да се чувствувам среќно, удобно и опуштено додека речиси не ја запалив кујната.“

„Ина тоа никогаш не би го направила!“ се пошегува таа.

„Можеби ова ќе има смисла за вашата новогодишна ноќ, но каде и да ве однесе овој викенд – ви посакувам здрава, радосна и мирна Нова Година.

Ина Гартен (73), авторка на книги за готвење, одговори на објавата на Џенифер и призна дека и таа го правела истото во минатото. „Тоа е мојот омилен! И секој пат речиси ќе ја запалив кујната! Среќна Нова Година !!! Лавју“.

Share
Scroll to Top